Започнаа подготовките на најдобрите македонски џудисти во пионерска и кадетска конкуренција во Прилеп. Во периодот од 26ти до 30ти август истите ќе престојуваат во Прилеп каде што ќе се тренира и темпира формата за престојните Балкански првенства за Пионери-ки во Грција и Кадети-ки во Турција.
Стручниот тим кој е задолжен од страна на ЏФСМ за овие припреми овие неколку денови треба да ја изврши и финаланата селекција на репрезентативци кои ќе настапат на овие првенства и ќе ја претставуваат нашата држава!!!




