Најголемиот класик во светот на крикетот, кој датира уште од 1882, е всушност тест-серијата помеѓу Англија и Австралија наречена Ашес.
Во превод, името значи „пепел“, а произлегува од еден запис, веднаш после првата победа на Австралија, во кој се наведува дека англискиот крикет починал, неговото тело ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе ја земаат Австралијците.
Во досегашната историја, двете екипи имаат одиграно вкупно 71 меѓусебна тест-серија, со 33 победи за Австралија, со 6 ремија и со 32 победи за Англија.
Европските претставници ќе имаат шанса да го израмнат меѓусебниот учинок во претстојното 72. издание на Ашес, кое ќе се одигра во Австралија во периодот од 8 декември до 19 јануари и кое во себе ќе содржи вкупно пет средби.
Домашната селекција денес го соопшти својот состав од петнаесет крикетари, кои ќе ги бранат боите на најмалиот континент:
Тим Пејн (капитен), Пет Каминс, Камерон Грин, Маркус Херис, Џош Хејзелвуд, Тревис Хед, Усман Хаваџа, Марнус Лабушен, Нејтан Лајон, Мајкл Несер, Џај Ричардсон, Стив Смит, Митчел Старк, Митчел Свепсон и Дејвид Варнер.
Од друга страна, англискиот состав засега не е јавно објавен, но според „Фокс Спортс“, се шпекулира дека ќе настапат:
Џоу Рут (капитен), Џејмс Андерсон, Џонатан Беирстоу, Дом Бес, Стјуарт Броуд, Рори Барнс, Џос Батлер, Зек Кроули, Хасееб Хамид, Ден Лоренс, Џек Лич, Давид Малан, Крег Овертон, Оли Поуп, Оли Робинсон, Бен Стоукс, Крис Воукс и Марк Вуд.