Пионерките на ЖРК Струга забележаа победа, додека сениорскиот состав претрпе пораз во н атпреварите одиграни во женската ракометна конкуренција.
Пионерките на Струга остварија убедлива победа над Делчево Вардар со 25:18, на полувреме имаа предност од 14:8. Најефикасна во победничкиот состав беше Мила Илоска со 9 погодоци, Јоана Куциноска и Евгенија Димовска постигнаа по 4, Мила Миса 3, а Елена Ѓонеска и Ива Крстаноска по 2 гола.
Од друга страна, сениорскиот состав на ЖРК Струга загуби од ЖРК Астибо со 24:35. Во редовите на Струга најефикасни беа Леа Пејоска со 6 погодоци, како и Матеа Димитроска и Емилија Атанаскоска со по 5 гола.
Така, стружанки имаа причина за радост кај помладите категории, но и пораз во дуелот со Астибо.




