Еурофарм Пелистер остана со само еден бод во три настапи сезонава во ракометната ЕХФ Европска Лига, откако вечерва беше убедливо поразен од Рајн Некар Левен со 28-20. Германците по првото полувреме имаа предност од 14-11, но во вторите 30 минути беа многу подобри, и впечаток е дека македонскиот тим прерано се предаде.
Јосип Периќ со 5 гола беше најефикасен кај Е. Пелистер, Матео Мараш даде 4, а Стипе Мандалиниќ не погоди ниту еден од неговите шест обиди кон голот на противникот.



