Пред натпреварот во Талин помеѓу Естонија и Македонија во рамките на трето коло од Лига на нации тројца членови од А тимот излегоа позитивни на Ковид19, меѓу кои што голманот Столе Димитриевски, член на стручен штаб и лице од техничката служба.
Треба да се напомене дека токму Димитриевски прележа вирус и беше во Шпанија во 14 дневен изолативен период, па чуди што повторно кај него се јавува позитивниот тест, но по направените нови тестови комплетно целата македонска делегација излезе негативна на тестирањата и во следниот натпревар ќе бидеме комплетни за настап.