Во првенствен натпревар во Франција во дерби натпревар се судрија претендентите за титулата Нант и Монпелје. Во израмнет и до крај неизвесен меч двете екипи ремизираа со резултат од 27:27 и си ги поделија бодовите.
,,Виновник” за нерешениот резултат е Симонет кој го постигна последниот гол за израмнување и поставување на конечните 27:27. За Нант стандардно квалитетно одигра Кирил Лазаров кој постигна 3 гола.



