Нов натпревар и нов триумф на Хувентут Бадалона кој е на делба на првата позиција. Тимот на Ненад Димитријевиќ кој токму тој беше еден од најзаслужните за победата над Билбао со резултат од 88:81.
Македонскиот бек во првите три четвртини имаше само два постигнати коша, но во пследната четвртина одигра одлично го предводеше својот тим до недостижна разлика и во овој период постигна осум коша со што вклупно натпреварот за 17 минути на паркетот го заврши со 10 поени, 2 скока и 2 асистенции. Хувентут во пет одиграни кола во шпанската АЦБ Лига има четири победи и еден пораз и тоа од Реал Мадрид.



