Дванаесеттото коло од Лиг 1 беше затворено со популарното ,,Докјардс дерби”. Во превод, називот значи ,,дерби на бродоградилиштата”, бидејќи во него се соочуваат две екипи од јужниот брег на Англија.
Имено, на ,,Хоум Парк”, силите ги одмерија домаќините Плимут Аргајл и гостите Портсмут за првпат после 9 февруари 2019.
Портсмут влезе во овој меч како благ фаворит, пред сè поради отсуството на навивачите и поради добрата форма на гости.
За Аргајл, позитивен предзнак беше добрата форма на домашен терен.
Накрај, конечниот резултат на овој меч гласеше 2-2, после изедначен натпревар.
Во 11. минута, домаќините поведоа со 1-0, откако по шутот на Френк Ноубл, Шон Рагет ја затресе својата мрежа.
Во 62. минута, Келанд Вотс играше со рака во својот шеснаесетник, подарувајќи им пенал на противниците. Истиот беше успешно изведен од Џон Маркис, кој израмни на 1-1. За Англичанецот, ова беше вкупно осми гол на последните седум средби во сите натпреварувања.
Само две минути подоцна, Том Нејлор прецизно стрелаше од шеснаесет метри, правејќи целосен пресврт во корист на Портсмут.
Во 79. минута, Плимут израмни на 2-2 преку првиот сениорски погодок на Џером Опоку, кој се најде на точното место по грешката на Крег МекЏиливреј – голманот на ,,Помпи”.
Со новиит освоен поен, Портсмут ја презеде шестата позиција на табелата од Сандерленд, додека Плимут остана ба деветтото место.



