Македонија до У-21 на домашен терен ја совладавме репрезентацијата на Црна Гора до У-21 со резултат од 2:1 со головите на Марко Ѓорѓиевски во 12 минута на аситенција на Трапановки, додека во вториот дел во 78 минута од пенал успешен реализатор беше Бојан Миовски.
За гостите стрелец беше Крстовиќ во 86 минута. Со новите три бода Македонија се пласира на второ место на табелата, зад неприкосновената Шпанија на прво место, но за жал нашите млади фудбалери не се пласираа на Европско првенство, бидејќи не се најдоа во најдобрите пет најдобропласирани втори репрезентации.