ЖРК Струга продолжува со одличните партии во Пионерската женска лига, овој пат со сигурна и убедлива победа над ЖРК Јехона со резултат 27:12 во рамки на 11. коло.
Стружанки од самиот почеток го наметнаа својот ритам, контролирајќи го мечот во сите сегменти – силна одбрана, брзи транзиции и прецизна реализација. Разликата постојано растеше, а тренерскиот штаб им даде шанса на сите ракометарки да запишат минутажа.
Со овој триумф, ЖРК Струга ја продолжува позитивната серија и останува меѓу главните конкуренти за врвот во лигата.
Во продолжение записникот од денешниот натпревар:





