Пионерките на ЖКК Струга 2009 запишаа нова убедлива победа во првенството, совладувајќи го тимот на ЖКК Кичево со високи 75:30. Стружанките доминираа во сите четири четвртини (14:03; 20:12; 19:05; 22:10) и уште еднаш покажаа одлична форма и дисциплина на теренот.
Најрасположена за игра беше Узуноска А., која блесна со 20 поени, додека Узуноска Т. додаде уште 14. Нелоска се истакна со 13 поени, а Гега, Пејчиноска и Селими го надополнија тимскиот резултат со по 6 поени. Стефанија Чороска, Ајдиноска, Дукоска и Меческа придонесоа со по 2 поени, заокружувајќи ја доминацијата на домашниот состав.




