РК Алкалоид оствари убедлив триумф над ГРК Тиквеш со 33:24 во рамки на домашната Суперлига. Тимот од Скопје го контролираше натпреварот од самиот старт и сосема заслужено ги освои бодовите.
Најефикасни во редовите на Алкалоид беа браќата Костески – Ненад со 6 погодоци и Никола, кој по враќањето во тимот се истакна со 5 гола. Одличен беше и Мартин Серафимов, кој исто така постигна 5 гола. На голот блескаше Марко Кизиќ со дури 14 интервенции.
Кај гостинскиот тим од Кавадарци, најдобри стрелци беа Ахмед и Цветкоски, кои реализираа по 5 погодоци.




