Петар Маркоски младиот пикер на екипата на РК Струга беше најзаслужен за победата на неговиот тим на гостувањето против Скопје со 6 голови, неколку пенали врз него и одлична игра во одбрана.
Поддршка имаше од Блажески, голманот Матовиќ, Бајрактаревиќ, Кастратовиќ и другите, но сосема заслужено признанието играч на натпреварот оди кај еден од најмладите.