РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека уште еден репрезентативец на Македонија се обврза на нов договор. Имено, 19-годишниот Петар Атанасијевиќ потпиша договор до јуни 2026 година и ќе продолжи со својот развој во нашиот клуб. Горди сме што заеднички соработуваме со најдобрите млади ракометари во земјата и тоа ќе остане тренд и во иднина. Петар како малолетник пристигна во нашиот клуб, но веќе е изграден ракометар, репрезентативец и сегашност и иднина на Еурофарм Пелистер. – стои во официјалната објава на клубот.