Екипата на Талент Плзен загуби и на вториот натпревар од финалната серија на гостувањето против минатогодишниот шампион Карвина со 28:25 после изведувањето на пенали откако во регуларниот дел натпреварот заврши 25:25.
Плзен одигра многу лошо прво полувреме и на паузата губеше со 15:9 во Карвина. Во вториот со фантастична одбрана ракометарите на Плзен направија пресврт и поведоа со 23:24 со голот на нашиот Никола Костески, но мечот заврши нерешено 25:25. Во пенал рулетот Дуда, Тонар и Шафранек промашија за Плзен и Карвина стигна и до втората победа.
Никола Костески беше еден од творците на пресвртот со 3 гола, 3 украдени топки и 2 изнудени пробивања сите во вториот дел, но за жал повторно за минимален пораз. Третиот натпревар од серијата се игра веќе во недела на теренот на Плзен.