Тримо Требњe на македонските интернационалци Тоше Ончев и Милан Лазаревски, обезбеди место во осминафиналето на словенечкиот Куп откако славеше на гостувањето кај Мокерц со 28-43.
Македонскиот лев бек Тоше Ончев постигна пет гола од пет обиди на овој меч и беше еден од најдобрите за Тримо, додека пикерот Милан Лазаревски кој сега потпиша за тимот на Зорман сеуште нема дебитирано за новиот клуб.




