Селекторот Игор Ангеловски за дуелот со Грузија дополнително ги повика Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски капитенот од Вардар, како и дефанзивецот на Македонија Ѓорче Петров Томе Китановски.
Поради повреда од комбинација за настап во А репрезентацијата отпаднаа Бејтулаи, Адеми, Тошевски, а поради жолти картони ќе го немаме во составот и Енис Барди. Ферхан Хасани, исто така, нема да настапи против Грузија.
Повик доби и Агрон Руфати од младата репрезентација до У-21 година. Руфати нема право на настап против Израел за Македонија до 21 година поради жолти картони. Македонија се надева на три бода против Грузија за зацврстување на врвот на табелата.
Извор и фото: https://ffm.mk/



