Македонскиот ракометар Жарко Пешевски постигна само еден погодок во поразот на Штутгарт од Фленсбург (30-34) во деветтото коло од германската ракометна Бундеслига.
Штутгарт одигра солидно прво полувреме, по кое имаше водство од 18-17, но работите се променија на самиот старт на вторите 30 минути, кога Фленсбург направи пресврт и потоа создаде сигурна предност од неколку голови за да триумфира на крајот со 34-30.
Пешевски постигна гол на самиот крај на мечот, па тоа беше доволно само за да го ублажи поразот на неговиот тим.



