Штутгарт на македонскиот репрезентативец Пешевски приреди сензација и славеше над фаворитот Рајн Некар Левен со 35-30 во 6.коло на германската Бундеслига.
Жарко Пешевски одигра одличен меч и постигна 3 гола од 4 обиди. Најдобар стрелец на натпреварот беше Уве Генсхајмер со 10 гола.