Валенсија ја оствари втората победа во новата натпреварувачак сезона во шпанската АЦБ лига, и тоа на тешкото гостување кај Сарагоса со конечни 70:76.
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во тимот на Валенсија со 16 поени, 4/8 од поле, 8/8 од слободните фрлања (пет асистенции), за 23 минути и 40 секунди поминати на паркетот.



