ЖРК Стружанка од Струга славеше убедлива победа на гостувањето во Битола против Пелистер со 25:33. Предноста гостинот ја стекна уште во првиот дел кога со одлична игра на пауза замина со висока предност од 8-17. Најефикасна кај гостинот беше Магдалена Делиоска со 13 гола, додека кај Пелистер најдобра беше Белевска со 11 погодоци.
ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА 25:33 (полувреме 8:17)
ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Ѓоргиевска, Босиловска 1, Николоска, Етемовска, Милосављевиќ 3, Спировска, Кајчевска, Наумовска 3, Тодовоска, Дишовска, Белевска 11, Јанкуловска 7, Бошевска.
СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Ѓерѓеска, Јовичинац 3, Голабоска 2, Дукоска 4, Переска 3, Б. Затуроска 3, Балоска, И. Затуроска 5, Ѓоршулеска, Јусуфи, Петреска, Делиоска 13.