Македонскиот младински фудбалер Павел Марковски е нов член на српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда. 17-годишниот битолчанец го мина пробниот период во Белград и со одличните настапи го убеди стручниот штаб да му понуди договор.
Марковски до неодамна настапуваше за кадетскиот тим на Работнички, а со својата брзина и игра на повеќе позиции се избори за трансфер во еден од најголемите клубови на Балканот. Тој е и дел од македонската репрезентација во својата возрасна категорија.




