
Партизан избори пласман во полуфиналето на Српскиот куп, славејќи со 2-0 над Лозница во четвртфиналето.
,,Црно-белите” ја оправдаа фаворитската улога против второлигашот на домашен терен и заслужено се најдоа помеѓу најдобрите четири екипи.
Домаќините ја стекнаа клучната предност уште во првото полувреме, кога прецизно стрелаа Рикардо Гомеш (33′) и Лазар Марковиќ (45+1′).
Во вториот дел, претставниците на Белград само ја продолжија иницијативата и креираа неколку добри прилики, но без реализација.
Во наредната фаза, Партизан ќе добие еден противник од Нови Пазар, од Рад/Војводина или од Црвена Ѕвезда/ТСЦ Бачка Топола.