Екипите на Партизан и Црвена Ѕвезда, во полуфиналето на Српскиот Куп, го одиграа својот 200. меѓусебен дуел. Србија ги олабави мерките зададени за превенција од Коронавирусот, па овој натпревар беше одигран на „Стадион Партизана“ пред бројка од околу 20 000 гледачи.
Домаќините успеаја да дојдат до победата од 1-0 благодарение на голот на Натхо во 58. минута, иако важеа за благи аутсајдери пред почетокот на мечот.
Во финалето, „црно-белите“ ќе ги одмерат силите со Војводина којашто во првото полуфинале беше подобра од Чукарички со 1-0.



