
По завршувањето на сезоната 2021/22, екипата на Партизан остана без тренер, откако беше објавен прекинот на соработката со дотогашниот предводник – Александар Станојевиќ.
Во изминатата недела, како главни кандидати за преземање на тренерската позиција на белградскиот клуб се наведуваа повеќе имиња помеѓу кои и претходникот на Станојевиќ – Саво Милошевиќ.
Сепак, денес, управата на ,,Црно-белите” јавно се огласи со својата нова одлука и го претстави новиот тренер на Партизан – Илија Столица.
43-годишниот стратег има тренерско искуство во српската Супер лига со тоа што седеше на кормилото на Вождовац (2016-2017) и на Војводина (2017-2018).
После тимот од Нови Сад, Столица имаше ангажман во Олимпија Љубљана, во српската У21 репрезентација и во сениорскиот национален состав како привремено решение.
Како играч, Столица промени повеќе клубови, а најдлабок печат остави во Земун, во Синт Труиден и во Монс.