Аргентинскиот фудбалер Алехандро Папу Гомес е нов играч на Севилја откако шпанскиот клуб брзо реагираше и го ангажираше фантастичниот играч, од средниот ред од Аталанта. Италијанскиот тим реши да го продаде еден од клучните играчи, и тоа за само пет милиони евра.
Причина за заминувањето на Гомес е расправијата на фудбалерот со тренерот Џанпјеро Гасперини. Популарниот Папу во Аталанта пристина во 2014 година и во 252 меча постигна 59 погодоци, а имаше и 71 асистенции. Искусниот 32-годишен Гомес потпиша договор со Севилја до 2024 година и токму затоа реши да го носи дресот со бројот 24.



