
Минатата сезона, Верија беше шампион на грчката Супер лига 2 Север и притоа оствари две победи над Пансераикос.
Сепак, оваа година, ситуацијата се промени во потполност со тоа што претставниците на Серес двапати ги совладаа бранителите на титулата.
Во дваесет и второто коло, Пансераикос оствари триумф од 2-0 што воедно претставуваше трет пораз во низа за гостинскиот состав.
На мечот, стрелци за ,,Лавовите” беа Адмир Бајровиќ (17′) во првото и Андреас Кацантонис (60′) во второто полувреме.
На табелата, Пансераикос е убедливо прв, додека Верија се наоѓа во ,,црвената” зона на дванаесеттото место.