Горан Пандев како вистински капитен на македонската репрезентација, најави дека нема предавање на ниту еден меч, па дури и да играме против најтрофејната репрезентација во Европа, Германија.
„Јасно е дека Германија е фаворит и за нас е чест да играме против една ваква селекција. Имаме квалитет кој го покажавме во изминатиов период, а доказ за тоа е и пласманот на Европското првенство. Ние мора да веруваме во нашите можност и да веруваме дека можеме да изненадиме“ – изјави Горан Пандев.