Еурофарм Пелистер ги заврши настапите во Европската лига, откако го загуби и на вториот осминафинале натпревар од германски Магдебург. Вечерва ,,Фармацевтите” одново немаа сили за надигрување и претрпеа пораз од 35:24 на полувреме беше 14:9.
За македонскиот преставник најрасположени во нападот беа Мандалиниќ со 7 гола, Маџовски имаше 5 и пикерот Граџан придодаде зад своето име 3 гола. По завршувањето на обврските кон Европската лига, сега фокусот ќе биде насочен кон домашната сцена и СЕХА лигата.