Пајак и Лара ќе ја претставуваат Македонија на виртуелниот глобален избор „Џојвижн“ со големиот хит „Bella“. Песната е комплетно дело на Пајак, кој ги потпишува текстот и музиката, додека аранжманот е дело на искусниот Иван Јованов-Ивајо.
„Џојвижн“, кој ќе се одржи на 21, 23 и 25 јануари 2025 година, ќе донесе многу возбудување и конкуренција. Гласањето за полуфиналето ќе се одвива во две фази: првото полуфинале ќе биде отворено за гласање од 17 до 19 јануари, додека второто полуфинале од 19 до 21 јануари.
Гласањето за финалето ќе биде достапно од 23 јануари до пладне на 25 јануари, објави порталот muzika24.mk.




