На спектакуларен начин на стадионот „Птичје Гнездо“ во Пекинг се отворени 24. Зимските олимписки игри. Македонија на овие Игри ќе има тројца спортисти, Дардан Дехари, Ставре Јада и Ана Цветановска. Македонија од осамостојувањето осми пат учествува на ЗОИ. На свечената церемонија, македонското знаме го развиори Дардан Дехари.

Речиси 3.000 спортисти од 91 држава ќе се натпреваруваат за еден од 109 златни медали. Две земји дебитираат на зимските олимпијади, Хаити и Саудиска Арабија, кои имаат претставници во алпско скијање.

Ана Цветановска ќе настапи денеска во крос-кантри на 7.5 километри слободно и 7.5 километри скијатлон, но и на10 километри класично на 10 февруари.
Ставре Јада својот прв настап ќе го има на 8 февруари во крос-кантри и спринт слободно 1.5 километар, додека на 50 километри слободно ќе настапи на 19 февруари.
Знаменоносецот Дардан Дехари, во алпско скијање ќе настапи во слалом на 13 февруари, а повторно ќе излезе и на 16 февруари во велеслалом.