Натпреварот со Исланд на 26 јануари на крајот од главната рунда беше последен за црногорските ракометари на Европското првенство. За репрезентативниот голман Никола Матовиќ и голман на македонскиот суперлигаш РК Струга , за жал, последна сезонава.
Дваесет и тригодишниот голман незгодно слета на крајот од мечот со „рибарите“, а деталните прегледи утврдија дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото. Матовиќ денеска ќе биде во операциона сала, го чека пауза од неколку месеци.
– Во првиот момент не сакав да излезам на теренот, иако почувствував дека коленото малку ми „прошета“. Мислев дека не е ништо страшно додека моите соиграчи не скокнаа од клупата. Не чувствував голема болка и сите ме охрабруваа дека не е ништо страшно. Магнетната резонанца покажа дека се оштетени предните вкрстени лигаменти и дури тогаш доживеав шок. Дотогаш не ми падна на памет дека може да биде толку сериозно – изјави Матовиќ за Побједа.
Тој објаснува дека по операцијата ќе има четири недели строг одмор.
– Се надевам дека за седум-осум месеци би можел да се вратам на теренот, само за почетокот на сезоната во септември. Не очајувам, времето не може да се врати назад. Најважно е опоравувањето да оди добро. Не сум ниту првиот, ниту последниот на кој му се случило ова. Познавам „милион“ играчи кои имаа идентична повреда, па успешно ја продолжија кариерата. Убеден сум дека така ќе биде и со мене – Матовиќ не го губи ведриот дух.
Oдличниот голман отсуствува од теренот во најдобриот момент од досегашната кариера. Блескаше оваа сезона во македонскиот ракометен тим Струга и ја оправда шансата на ЕП …
– Може да се каже дека ова беше најлошиот момент за повредата. Имавме успешен настап на ЕП, дебитирав и сигурно можев да најдам добар клуб. И македонските новинари ме избраа за најдобар голман во првиот дел од првенството. Беше време за чекор напред, но сега не е време за плачење. Во сè лошо има нешто добро. Млад сум, подобро сега ми се случи ваква повреда, верувам дека ќе се пласираме на СП и дека во јануари ќе продолжиме таму каде што застанавме на ЕП, и тимот и јас – изјави поранешен член на Ловќен и нишки железничар




