понеделник, септември 25, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Охрид се засили со 4. македонски ракометари

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 2, 2023
📁 Ракомет

Охрид ангажираше четворица македонски репрезентативци.

Големо голманско засилување на тимот на ГРК Охрид! 29 годишниот гостиварчанец Даниел Ѓорѓески (191cm и 91кг) следната сезона ќе го носи сино-белиот дрес.Ѓорѓески доаѓа во тимот на Гладијаторите по одличните настапи на унгарскиот тим Будакалас, а пред тоа настапуваше за најсилните тимови во Македонија: Металург, РК Вардар и Пелистер каде што во овие тимови има настапи во европските купови и регионалната Сеха Лига.
“Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи.” – изјави Ѓорѓески.

Македонското репрезентативно лево крило ќе го облече дресот на ГРК Охрид следната сезона.Гоце Ојлески е новиот член на Охрид. Ојлески има 33 години (180cm и 80кг).Ојлески доаѓа од првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер, а пред тоа има настапувано и за Вардар и Металург, како и за романскиот Одорхеи. Во својата кариера има настапи во европските купови и регионалната Сеха Лига, како и постојано член на Сениорската ракометна репрезентација на Македонија.
“Драго ми е што ќе сум дел од ракометниот клуб Охрид, клуб кој што покажува сериозност и квалитет во македонскиот ракомет. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и ќе славиме многу победи.” – изјави Ојлески.

Одличното десно крило Никола Стоилевски потпиша за Гладијаторите. Стоилевски има 24 години (194cm и 80кг) и имаше одлични настапи за Еурофарм Пелистер 2 во плеј-оф натпреварувањето. Пред тоа настапуваше за екипите на Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје.
“Драго ми е што ќе бидам дел од екипа која има одлични планови и цели за во иднина кои би ми помогнале многу да напредувам како играч.” – изјави Стоилевски.

Најдобриот специјалист за одбрана во ракометна Македонијa станува Гладијатор.Милорад Кукоски е новиот член на семејството на ГРК Охрид. Искусниот Кукоски има 35 години (195cm и 100кг).Кукоски доаѓа од првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер, а пред тоа има настапувано и за Металург, Зомимак и Вардар. Во својата кариера има настапи во европските купови и регионалната Сеха Лига, како и постојано дел од Сениорската ракометна репрезентација на Македонија.
“Мило ми е што доаѓам во клуб со европски амбиции, кој расте од година во година. Сигурен сум дека ќе ги оправдаме очекувањата на управата и публиката.” – изјави Кукоски.

ShareTweet
Претходна вест

Гакидова и Јанеска одлични во минималниот пораз во првото финале

Следна вест

Словенечкиот репрезентативец Цехте доаѓа во Битола

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот
Ракомет

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
ВО ЖИВО: Пролет – Тиквеш
Ракомет

Струга пружи отпор, бодовите за фаворитот Тиквеш

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Алкалоид стигна до третата победа
Ракомет

Алкалоид стигна до третата победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Струга славеше над Куманово! Бугариновиќ МВП (Галерија)
Ракомет

ВО ЖИВО: Тиквеш – Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Следна вест
Словенечкиот репрезентативец Цехте доаѓа во Битола

Словенечкиот репрезентативец Цехте доаѓа во Битола

Последно

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

(Видео) Фантастичниот Миовски со два гола и асистенција донесе победа

Струга пружи отпор, бодовите за фаворитот Тиквеш

Алкалоид стигна до третата победа

ВО ЖИВО: Тиквеш – Струга

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.