Викендов продолжуваат натпреварите од 2.коло во плејофот од ракометната Супер Лига кај мажите.
Најинтересено се очекува да биде во Автокоманда каде се среќаваат селекторот на сениорите Кире Лазаров против селекторот на младинците Раде Стојановиќ. Односно вицепрвакот Алкалоид го пречекува амбициозниот Тиквеш.
Во останатите натпревари Еурофарм Пелистер, Охрид и Вардар се големи фаворити против Бутел, Струга и Пролет.