Сензационалниот победник на трката за големата награда на Сахир и возачот со 191 трка во Формула 1 во својата кариера, Серхио Перез, останува во болидите и наредната сезона.
Откако, неговиот договор во ,,Рејсинг Поинт” не беше обновен, поради потпишувањето на Себастијан Фетел, стана извесно дека Мексиканецот нема да се трка во најбрзиот циклус во 2021.
Сепак, во целата ситуација остана само една надеж – местото на Алекс Албон во ,,Ред Бул”. Токму истата се исполни денес официјално, откако австрискиот тим јавно сподели дека Албон ќе биде тест-возач, а неговото место ќе го презеде токму Перез.
,,Алекс [Албон] е ценет член на тимот и долго размислувавме за оваа одлука.” – порача за Ф1 главниот човек на ,,Ред Бул” – Кристијан Хорнер.
Во 2021, тимски колега на 30-годишниот Мексиканец ќе му биде реномираниот Макс Ферстапен.



