Ирската УФЦ ѕвезда, Конор МекГрегор, рано наутро, преку својот официјален Твитер профил го истакна своето пензионирање од борењето. Во официјалниот твит беше наведено:
„Здраво дечки, јас одлучив да се пензионирам од борењето. Ви благодарам за сите прекрасни моменти! Тоа беше одлична авантура!”
Имено, МекГрегор го најави своето пензионирање уште во март 2019, но истото не беше остварено сè до денес. Во меѓувреме, Ирецот го победи Доналд Серон и ја освои титулата во „велтервеит“ категоријата на 18 јануари 2020 благодарение на техничкиот нокаут по само четириесет секунди борба. Со овој начин на победа, МекГрегор стана првиот УФЦ борец кој победил со (технички) нокаут во три категории.



