Екипата на Наполи, во која игра и нашиот репрезентативец Елиф Елмас, остана без тренер на 23 мај, откако Џенаро Гатузо доби отказ после кобното реми против Верона.
Од денес, официјално, неговото место го презеде искусниот италијански селектор – Лучано Спалети.
Како играч, Спалети настапуваше за неколку екипи како Ентела, Специја, Вијареџо и Емполи, а од 1994 почна да се бави и со тренерски ангажмани.
Како тренер, Италијанецот најмногу се прослави со Зенит, каде што работеше од 2009 до 2014.
Оттогаш промени уште два италијански гиганти, Рома и Интер, пред да се пресели во Неапол.
,,Почестен сум што ќе ви соопштам дека Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Наполи од 1 јули. Добредојде Лучано, заедно ќе постигнеме многу.” – порача претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис,на својот Твитер профил.