сабота, септември 23, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Одличниот Ончев го засили Голден Арт

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 12, 2023
📁 Ракомет

Велешанецот Тоше Ончев во следните две години ќе биде член на ракометниот клуб Голден Арт. По завршувањето на најуспешната сезона од своето формирање, клубот кој своите тренинзи и натпревари ги реализира во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, заблагодарувајќи се на четворица досегашни, и обновувајќи ги договорите со четворица ракометари од составот кој настапуваше минатата година, а на кои истите им завршија, Голден Арт го промовира првото засилување за сезона 2023/24.
26-годишниот Ончев, како роден Велешанец, своите први ракометни чекори ги направи во родниот град, за потоа преку скопски Вардар, каде се задржа осум години, да го направи своето деби како интернационалец, во втората по квалитет лига во Франција. Од Франција заминува во Грција, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапува за тимот на Работнички. Во сезоната 2021/22 заминува во Тримо од Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, за минатата натпреварувачка сезона да ја стартува во амбициозниот Охрид, каде поради сериозна повреда на коленото, предвреме ја заврши сезоната.
„Сакам да се заблагодарам за довербата од страна на клубот и можноста да се напредува индивидуално и како колектив, во клуб кој е воден од одлична група на професионалци но и големи ентузијасти. Среќен сум што ќе бидам дел од екипа составена од млади македонски ракометари, колектив кој е препознатлив по добра работна атмосфера и во кој може да се напредува на техничко тактички план. Возраста на играчите и структурата дава за право да размислуваме дека со добра работа, сериозна конкуренција, давајќи се од себе ќе имаме можност да постигнеме добри резултати, одејќи чекор напред во однос на минатата година.
РК Голден Арт го одбрав како клуб кој е препознатлив по тоа што овозможува добри услови за напредок на младите играчи и сигурен сум дека од година во година клубот ќе расте и ќе се развива на повисоко ниво“.
– изјави Тоше Ончев при потпишување на договорот.

РК_ГолденАрт и во иднина ќе дава можност на младите ракометари од своите младински категории, надополнувајќи ги со исклучиво млади амбициозни македонски ракометари, потенцијални репрезентативци, кои во иднина ќе бидат гордост на тимот и на државата.

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Пајак и Теодора Џехверовиќ во „Летна авантура“

Следна вест

Објавен списокот со 35.кадети кандидати за Светското првенство

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(Видео) Митревски и Кизиќ со ТОП одбрани во Лигата на шампионите
Ракомет

(Видео) Митревски и Кизиќ со ТОП одбрани во Лигата на шампионите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Сеп/2023
Куп: Еурофарм Пелистер 2 лесно со Металург РА
Ракомет

Стружаните Костески и Ѓоргоски одлични во победата против Мултиесенс

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Сеп/2023
(Видео) Томовски блескаше на голот на Вардар со 13. одбрани
Ракомет

Вардар дома со Пролет, Голден Арт гостува во Битола (Група-Б)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Сеп/2023
(Галерија) Драматичниот натпревар помеѓу Струга и Гуиф низ фотографии
Ракомет

Струга гостува во Кавадарци, Алкалоид дома со Еурофарм Пелистер 2 (Група-А)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Сеп/2023
Следна вест
Стојановиќ го објави списокот на кадети за ЕХФ неделата

Објавен списокот со 35.кадети кандидати за Светското првенство

Последно

(Видео) Митревски и Кизиќ со ТОП одбрани во Лигата на шампионите

Стружаните Костески и Ѓоргоски одлични во победата против Мултиесенс

Музичарот Петар Маркоски доби Златна статуетка на Murex D’or во Либан

Вардар дома со Пролет, Голден Арт гостува во Битола (Група-Б)

Струга гостува во Кавадарци, Алкалоид дома со Еурофарм Пелистер 2 (Група-А)

Чаневски избран за најдобар голман во Израел

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.