Уникс Казан ја забележа и третата победа во ВТБ лигата откако на гостувањето кај Нижњи Новгород славеше со 57:75.
Македонскиот репрезентативен Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец кај победникот каде за 23.минути игра реализираше 19 поени, два скокови и три асистенции.




