Во единствениот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига, КалПа триумфираше над Хамеенлина со 3-2 после пенали.
Во регуларниот дел, Јаако Рисанен и Колби Сисонс по еднаш ја затресоа мрежата на Даниел Лебедеф за водство на КалПа од 2-0.
Сепак, со два брзи гола во третата третина, кои беа дело на Маркус Ненонен и на Мати Јарвинен, гостите изборија продолжение.
Во пенал-серијата, почетно водство на поразениот состав му донесе Стив Мосес, но потоа, пресврт во корист на домаќините направија Ласе Лапалаинен и Јуусо Кононен.
На табелата, двете екипи се израмнија со по 21 поен, но поради подобрата гол-разлика, КалПа ја зазема петтата, а Хамеенлина – шестата позиција.