Македонија пропушти голема шанса за нова победа на Медитеранските игри и тоа над домаќинот Алжир oткако вечерва ремизираше 24-24 и не успеа да реализира пенал во последните секунди преку Иван Џонов.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Серафимов со 5 гола, а го следеа Марко Митев, Иван Џонов, Игор Ѓорѓиев и Томислав Јагуриновски со по 3 погодоци.




