Здружението на граѓани за унапредување на спортот и организирање на спортски настани кој што е взаемно и организатор на „Трка на Поезијата“ во Струга во соработка со фитнес центарот Форма Вита овој викенд на 21.03 ќе трчаат и ќе возат велосипеди како едно одблежување на 21.03 интернационален ден на лицата со даунов синдром.

По поводот одблежување на 21.03 интернационален ден на лицата со даунов синдром, во Струга многу спортисти изманитов период се вклучија во нашиот проект своите истрчани км да ги подарат во чест на лицата со даунов синдром.Во недела на 21.03 симболично со трчање или возење велосипед заедно сакаме ДА ВЕ ПОКАНИМЕ спортски да го одбележиме овој ден и да пренесеме спортска порака за поддршка на сите лица со даунов синдром..
Исто така ќе имате чест да се запознаете со Игорче – лице со даунов синдром, шампионот од Македонија во најмногу продадени списанија “Лице в лице” 

Недела 11:00ч ЧАРШИСКИ МОСТ Струга.



