понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Новиот проект РК Алкалоид го претстави ростерот

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
септември 17, 2021
📁 Ракомет

На 18.9.2021 (сабота) од 12:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, РК „Алкалоид“ ќе го одигра првиот официјален натпревар против РК „Металург – РА“. РК „Алкалоид“, како новоформиран клуб, сезоната ја започнува во машката Прва лига, во која оваа сезона ќе се натпреваруваат 19 екипи.

Екипата на РК „Алкалоид“ е веќе формирана, а играчите се во полн тренажен процес и подготвени за предизвиците кои доаѓаат во ракометната сезона. Екипата е составена од млади, талентирани ракометари, кои биле дел од младинските состави на нашата ракометна репрезентација, но и дел од сениорскиот состав.

Составот на РК „Алкалоид“ за оваа сезона е следниот.
Голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски
Бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески
Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски
Крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски

Стручниот штаб е составен од искусни ракометни експерти од нашата држава.
Главен тренер: Љубомир Савевски
Помошници тренери: Биљана Црвенковска, Бранислав Ангеловски, Влатко Котески
Кондициски тренер: Петар Баснарков
Физиотерапевт: Тошо Ристовски

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

РК „Алкалоид“ е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности. Со организација на стручната работа, РК „Алкалоид“ ќе се стреми да им овозможи на играчите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во македонскиот ракомет.

Со меморандум за соработка е официјализирано партнерството на РК „Алкалоид“ со брендот на Кире Лазаров „КЛ7“. Со меморандумот овие два бренда здружено ќе ги остваруваат зацртаните цели на клубот. Визијата е преку ракометните школи на „КЛ7“, а потоа и преку младинските и преку сениорските екипи на РК „Алкалоид“, да се градат идните македонски ракометни репрезентативци. – стои во соопштението на клубот.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Трбојевиќ им донесе прво полуфинале на Си Иглс после 2013

Следна вест

Неверојантниот Владимир Темелков даде 18 голови на натпревар

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Неверојантниот Владимир Темелков даде 18 голови на натпревар

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.