
НРЛ, односно најквалитетната австралиска лига во рагби лиг, брои шеснаесет учесници – петнаесет од Австралија и еден од Нов Зеланд.
Сепак, од 2023, најверојатно ќе се придружи уште еден тим, кој ќе биде четврти претставник на Квинсленд после Бризбејн Бронкос, НК Каубојс и Голд Коуст Титанс.
Станува збор за вторите ,,резиденти” на градот Бризбејн – Бризбејн Фајрхокс.
Имено, Фајрхокс е новиот прекар на Бризбејн Тигерс, кој мораше да биде усвоен за да не се поклопува со името на Вестс Тигерс.
Овој клуб е основан како Корпару во 1913, а во 1933 бил преименуван во Истерн Субурбс Дистриктс.
Во минатото, Фајрхокс, односно Бризбејн Тигерс, беа во афилијација со неколку НРЛ клубови (Кронула Шаркс, Пенрит Пантерс, Саут Сиднеј Рабитохс, Бризбејн Бронкос и Мелбурн Сторм) каде ги испраќаа своите рагбисти.
Како што е најавено, поранешните ,,Тигри” ќе имаат буџет од 80 милиони австралиски долари, а 7,5 милиони ќе завршат за конструкција на нов центар во кој ќе се фокусираат на младите таленти.



