
Норвешката репрезентација ги оправда очекувањата и направи потполна доминација на скијатлонот од Светското првенство во крос-кантри.
Имено, до златниот медал во Планица (Словенија), на трката на триесет километри, дојде Симен Хегштад Кругер (1:09:40,3).
Лидерот во генералниот поредок на Светскиот куп, Јоханес Клебо (+12,2), се закити со сребрен медал, а хет-трикот го комплетираше Сјур Роте (+14,1).
Најдобар Норвежанец без одличје беше четвртопласираниот Паал Голберг (+45,9), а по него следуваа Швеѓаните Вилијам Порома (+46,7) и Кале Халфварсон (+1:14,2).
Од останатите натпреварувачи, заостаток под две минути имаа уште Фридрих Мох (+1:14,9), Жан Лапиер (+1:15,4), Клеман Парис (+1:16,5) и Перту Хиваринен (+1:54,9).