
Северна Ирска дебитираше на Европското првенство во женски фудбал со поразот од Норвешка од 4-1.
Имено, на ,,Ст. Мери’с Стадиум” во Саутемптон, претставничките на Скандинавија во потполност ги декласираа новајлиите и избија на првото место во групата А.
Во истата група, три поени има и Англија, која вчера ја победи Австрија со 1-0.
После првото полувреме, Норвешка водеше со убедливи 3-0, откако прецизно стрелаа Јули Блакштад (10′), Фрида Леонхардсен-Маанум (13′) и Каролине Хансен (п. 31′).
На стартот на вториот дел, Џули Нелсон (49′) накратко ја врати британската селекција во игра, а конечниот резултат го постави Гуро Реитен (54′) пет минути подоцна.