
Гида Вестволд Хансен продолжи со својата неприкосновеност во текот на последните две сезони во женскиот дел од нордиска комбинација.
Имено, Норвежанката го освои Светскиот куп по вторпат во низа, откако славеше на сите досегашни девет натпреварувања.
Денес, Вестволд Хансен (14:27,1) повторно беше доминантна во однос на конкуренцијата и ја одбрани светската титула од 2021, триумфирајќи на првата трка од СП 2023 во Планица (Словенија) и покрај падот во скијачкиот дел.
Со сребрено одличје се закити Германката Натали Армбрустер (+11,5), а до изненадувачка бронза дојде Јапонката Харука Касаи (+15,7).
Иако цело време беше втора, накрај Ида Марие Хаген (+29,7) мораше да се задоволи со четвртата позиција, а под една минута заостануваа уште Јуна Касаи (+51,7) и Аника Зиф (+52,3).