Kaпитенот на Струга, средниот бек Богдан Николиќ во пресрет на претстојното езерско дерби истакна дека Охрид влегува како фаворит, но ќе дадат се од себе да ги победат:
“После натпреварот од Купот не очекува уште еден дуел со Охрид… Меѓутоа, ова ќе биди потполно друг натпревар од оној во Охрид од пред 10 дена. Струга во овој дел од сезоната покажа дека не дава така лесно бодови, ако не ги сметаме големите фаворити Вардар и Пелистер. Така да не чека еден возбудлив натпревар во кој Охрид влегува како фаворит, со оглед на нивниот ростер и услови…Ама ние играме дома и секако ќе дадеме се од себе да победиме и да ги израдуваме Стружани и нашите верни Паткари! Напред Струга ! “