Ракометарите на РК Алкалоид со победа ја завршија 2025 година, откако славеа на гостувањето кај РК Бутел Скопје со 33:28 во натпревар од Суперлигата.
Гостите одиграа ефикасен и контролиран меч, а најефикасен поединец беше Никола Костески со осум погодоци. Веднаш зад него беше Мартин Серафимов, кој седум пати ја затресе мрежата на Бутел. Во редовите на домаќинот, Димитар Узунчев беше прв стрелец со седум гола, додека голманот Трајковски запиша девет одбрани.




