Никола Костески кој беше избран неколку пати за најдобро десно крило во Австрија нема да остане во дресот на Линц во наредната сезона откако не се договорија за нова соработка. Оваа вест синоќа беше објавена на неговата фан страна.
Никола Костески го напушта Линц откако не успеаја да се договорат за соработка во наредната сезона. За натамошните планови на македонскиот ракометар ќе бидете благовремено известени. – стои на фан страната на Никола Костески.